
Исплатена премијата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека денеска на сметките на 10.277 млекопроизводители се исплатени 76.3 милиони денари по основ на предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Исплатата се однесува на предадено млеко во месеците јануари и февруари 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките од сточарско производство.