СООПШТЕНИЕ

Бачовски : Поддршката за младите земјоделци е еден од главните столбови на владината програма за финансиска поддршка во руралниот развој


Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа во посета на семејна фарма во с. Виничка Кршла.

Мартин Стојменов е носител на земјоделското стопанство кое ја управува фармата и воедно е корисник на мерките од програмата за финансиска поддршка во руралниот развој.

Преку мерките за набавка на приплоден добиток и мерката за поттикнување на земјоделското производство, овој млад фармер има добиено финансиска поддршка од АФПЗРР и со истата има увезено добиток од сименталска раса и има набавено опрема за преработка на сточната храна и опрема за хигиенско чување на произведеното млеко.

,,Преку мерката за набавка на приплоден добиток, нашиот денешен домаќин набави 12 јуници од сименталска раса за што доби финансиска поддршка од АФПЗРР од 811 илјади денари со што ги ко – финансиравме вкупно направените трошоци со учество од 55%. Дополнително, преку мерката 113 набавен е миксер за преработка на слама и сено, линија за сточна храна со мешалка и лактофризер. За оваа инвестиција, АФПЗРР додели грант во висина од 100% со вкупна поддршка од 534 илјади денари” – посочи директорот Бачовски

Преку програмата за финансиска поддршка во руралниот развој се поддржуваат инвестиции на млади земјоделци, рурални жени, инвестиции во системи за наводнување, подигнување на нови насади како и инвестиции во земјоделска механизација