АФПЗРР - Реализирана е исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени полјоделски култури во домашни преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделие и рурален развој денеска исплати дополнителни директни плаќања во висина од 66.449.476 денари на 1,024 корисници.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани со сертифициран материјал и ожнеани површини со поледелски култури со пријавена површина над 1ha збирно за следните култури: јачмен, пченица, рж, овес и сончоглед, а се корисниици од подмерка 1.1 на оваа уредба.

Оствареното производство да е предадено во преработувачките капацитети вклучително и произведените жита за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. 

Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси над: 4000 kg/ha за пченица, 3000 kg/ha за рж, 3000 kg/ha за овес и 1.500 kg/ha за сончоглед.

Дополнително ги потсетуваме сите земјоделски стопанства дека аплицирањето за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година е во тек и трае до 14 јули. Корисниците може да се пријават со своите барања електронските преку порталот е-субвенции или да ги искористат услугите на операторите од подрачните единици при МЗШВ.