АФПЗРР: Објавен јавниот повик за надомест на трошоци за оддржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави повикот за поддршка за исплатена нето – плата за чување и напасување на добиток.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при МЗШВ.

Поддршката е во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2022 до 31.12.2022 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри и во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2022 до 31.12.2022 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина помала од 700 метри.

 

Максималната вредност на прифатливи трошоци е не повеќе од 360.000 денари по вработено лице, најмногу за 20 вработени лица. За над 10 вработени лица, поддршката се намалува за 50%.

 

Пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 12/2023 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето. Крајниот рок за доставување на барањата е 20.12.2023 година.