Бачовски на средба со Трипуновски : Неселективната и навремена поддршка за земјоделците останува главен приоритет на АФПЗРР и во 2024 година

 Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска оствари средба со дополнителниот заменик министер на МЗШВ Цветан Трипуновски.

На средбата се дискутираа тековните активности на АФПЗРР во делот на реализација на програмата за директни плаќања за 2024 година.

Пред крајот на 2023 година АФПЗРР ја реализираше авансната исплата за корисниците на директни плаќања за растително производство со што со финансиска поддршка се стекнаа 58.366 корисници со вкупна поддршка над 1 милијарда денари.

Во периодот којшто следи, Агенцијата ќе продолжи со тековната имплементација на програмата за земјоделство и предвидените исплати за мерките од сточарско производство како и дополнителните субвенции за остварено производство во секторите лозарство, градинарство,полјоделство и овоштарство.

На состанокот се разговараше и во врска со тековните активности со контрола на пријавените површини со употреба на далечински методи преку фотоинтерпретација на сателитски снимки – CWRS. Директорот Бачовски образложи дека истите се завршени со обработка на сателетски снимки направени во Февруари 2023 година и Јули 2023 година, а тековно се оддржуваат состаноци со опфатените баратели на кои им се презентираат резултатите со што се дава шанса на корисниците да дадат своја забелешки или да побараат проверка на терен за утврдување на пријавените култури.

АФПЗРР во наредните денови ќе ги заврши теренските активности и закажаните состаноци по што констатираните резултати ќе бидат цел на административна проверка пред издавање на решенијата за финансиска поддршка.