Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.
Исплатени се 4.101 производители на винско грозје со сума од 58.607.081,00 денари.
Исплатата е извршена на земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2023 година го предале во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија или го преработиле за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.
Висината на дополнителните директните плаќања изнесува 1 денар по килограм.