Известување за поднесување на барања за дополнителни директни плаќања за 2024 година

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека во период од 12 ноември до 25 декември 2024 година ќе можат да поднесат барања за дополнителни директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во овој период се поднесуваат барања за следните 8 подмерки:

1.Подмерка 1.3 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведената пченица и јачмен ја имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, продадено на регистриран одгледувач на добиток или го користеле за сопствени потреби за исхрана на добиток.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведениот афион ги имаат продадено во регистриран откупувач.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведениот сончоглед, маслодајна репка ги имаат продадено во регистриран преработувачки капацитет.

 
 

2.Подмерка 1.5 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници “

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведените домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир ги предале на регистриран откупувач, ги користеле за домашни потреби или ги продале на пазар.

 

3.Подмерка 1.7 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведените градинарски култури ги предале во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 до 25 декември 2024 година.

 

4.Подмерка 1.9 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.8. за остварено производство на овошје“

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведените јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка ги предале на регистриран откупувач, ги користеле за домашни потреби или ги продале на пазар.

 

5.Подмерка 1.10 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведените праски, вишни, малини, капини, аронија, гоџи бери, кајсии, јагоди и калинки ги предале во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 до 25 декември 2024 година.

 

6.Подмерка 1.12 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.11. за остварено производство на грозје “

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведеното грозје го предале на регистриран откупувач, го користеле за домашни потреби или го продале на пазар.

 

7.Подмерка 2.18 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 2.17 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици“

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одгледувачи на пчелни матици.

 

8.Подмерка 2.19 „Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и во 2024 година имаа направено лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед.

 

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

Поднесеното барање во електронскиот систем се печати и потпишува и заедно со пропишаните прилози се доставува до Агенцијата.