Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја известува јавноста дека денес се склучуваат Договори за користење на средства по објавениот јавен повик 05/2024 за доставување барања за користење средства за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици/и или мобилни сушари, мерка 121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година. Истиот беше објавен на ден 25.10.2024 година со краен рок за доставување барања, 14.11.2024 година. Во најкраток рок досега, обработени се барањата и одобрени се 57 корисници, кои ги исполнија условите. Вкупната финансиска поддршка која е доделена е во износ од над 34,1милион денари.