Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по мерката Директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства за земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство. За оваа намена се исплатија 5.566 пчелари во износ од 169.222.200,00 денари.