Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ја продолжуваат кампањата за информирање и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма 2021-2027 (ИПАРД 3).
Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.
ИНФО ДЕН 10ти март (понеделник) 2025 година
-КОЧАНИ со почеток од 11:00 ЧАСОТ (просториите на Мултикултурниот центар) и
-ОБЛЕШЕВО со почеток од 14:00 ЧАСОТ (просториите на месната заедница).
Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:
- Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.
- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460