Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата на мерки од руралниот развој и директните плаќања

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата на мерки од руралниот развој и тоа

Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за

-мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.  Вкупен износ од 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.

- мерка 2 Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.

Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година за мерка 121 Инвестиции за модернизацијана земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки)од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.

Денес се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.