Општините ги користат европските пари за раст и развој!

 Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев и Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска остварија средба со градоначалникот на општина Демир Хисар, Никола Најдовски.

На средбата се дискутираше за подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање, а се разговараше и за тековните и идните проекти од областа на земјоделството и можностите за поддршка преку европските фондови. Посебен акцент беше ставен на унапредување на инфраструктурата и креирање на нови можности за локалните земјоделци.

Во рамки на посетата, делегацијата изврши и обиколка на компанијата Ксенос, која е корисник на ИПАРД програмата и има искористено над 13 милиони денари поддршка за опрема за преработка и овошје зеленчук.

.