Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во износ од 49,658,739,00 денари кон 761 корисник.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Максималната количина на оризова арпа која е прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограми по пријавен хектар со оризова арпа по подмерка 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм за количини предадени во период од 1 октомври до 31 октомври 2024 година и 6 денари по килограм за количини предадени во период од 1 ноември 2024 година до 28 февруари 2025 година.