На покана на ARiMR од Полска, како земја претседавач со Советот на ЕУ, во Варшава во период 05-07.05.2025 година се одржува 57-та конференција (POLAND25.EU) на директори на платежни агенции на земји членки и кандидати за членство во ЕУ.
Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев учествува на настанот, каде се презентира извештајот од претходните активности и се разгледа извештајот на OLAF и DG Agri во делот на спречување евентуални измами, нерегуларности и др.
Земјите членки на ЕУ ги презентираа најновите планови за напредно функционирање на платежните агенции, кон кои тежнее и АФПЗРР.
Целта на оваа конференција е да се зголеми внатрешната ефикасност на платежните агенции, како и професионализација на земјоделскиот сектор.