Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес објави јавен повик 03/2025 за економско здружување на земјоделски стопанства заедничко вршење на земјоделска дејност од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.
На земјоделските задруги им се отвара можност да користат финансиска поддршка за набавка на нови основни средства и оперативни трошоци поврзани со набавените средства.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник на мерката изнесува 15.000.000 денари.
Финансиската поддршка се доделува во износ до 90% од вкупно прифатливата вредност на набавката.
Краен рок за поднесување на барањата до Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е 09.06.2025 година
Упатството за корисниците и потребните документи за поднесување на барање може да се подигне на веб страната на Агенцијата - www.ipardpa.gov.mk