Заменик директорот на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој Мевлан Морина и претставници на агенцијата учествуваа на петтиот состанок на комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027. На истиот беа презентирани извештаи за резултатите од претходно објавените повици, извршените контроли, како и планот на активности и повици во 2025 година, вклучувајќи и акредитација на нови мерки.
Во рамките на настанот се посетија двајца успешни корисници на финансиски средства од ИПАРД Програмата. Корисникот Екстра Меин ДООЕЛ од Куманово со набавена опрема за преработка на месо и корисникот ДПТУ Бохо Фурнитуре ДООЕЛ од с.Љубодраг, Куманово кој набави опрема за производство на мебел.