Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници од подмерка 1.4 од Програмата за 2024 година, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 20.000 денари по хектар.
Висината на поддршката е условена со минимални просечни приноси и тоа: 20.000 кг./ха за домат, пиперка 15.000 кг./ха, краставица 30.000 кг./ха, корнишон 30.000 кг/ха, зелка 30.000 кг./ха, грав 1.000 кг./ха и компир 15.000 кг./ха.
По оваа основа се исплатени 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци.