Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 2.1. од Уредбата за 2024 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4. од Уредбата за 2024 година или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.5. од Уредбата за 2024 година.
Висината на директни плаќања изнесува 8.000 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
По оваа основа се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци.