Исплата на дополнителни директни плаќања за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на подмерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед, маслодајна репка и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани површини со афион во есен 2023 година и пролет 2024 година, имаат одобрение за производство на афион согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и оствареното производство од афионова чушка од реколта 2024 година го продале во регистрирано откупно претпријатие запишано во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи наживотни во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион.

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар, за јачмен изнесува 12.000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар.

По оваа основа се исплатени 265.720.530,00 денари кон 4.659 земјоделци.