Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети во износ од 259.421.400,00 денари кон 4.143 корисници.
Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм за предадени количини во период мај-јуни и ноември-декември 2024 година.