Одобрена финансиска поддршка на ЈП Национални шуми

Денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев на средба со директорот на ЈП Национални Шуми, Здравко Трајанов  додели решение за  отпочнување на тендерска постапка за изградба на патишта за заштита од пожари.

 
Финансиската поддршка во износ од 6 милиони денари е предвидена во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.
 
Заштита на шумите, ефикасно справување со природните непогоди и подобрувањето на шумската инфраструктура е приоритет и носи бенефит за сите граѓани на Македонија.