Известување за мерка 3. Помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 31 август 2025 година ќе можат да поднесат барањаза мерката 3. Помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

 Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во период од 1 август 2024 година до 31 јули 2025 година имаат склучено полиси за осигурување во земјоделството.

Висината на помошта изнесува 60% од вкупната вредност на полисата но не повеќе од150.000,00 денари по корисник.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата. Помош при креирање на електронското барање е обезбедена од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барателот во прилог на барањето доставува примерок од полиса и потврда/тековна состојба од Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Испечатеното барање заедно со прилозите се доставува до Агенцијата.