Претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој предводена од заменик директорот Мевлан Морин беа на дводневна работна посета на Патежната агенција на Република Турција.
Главна цел на посетата беше размена на искуства и најдобри практики, со особен акцент на примената на референтните цени во рамките на ИПАРД програмата, како и на спроведувањето на мерката ЛИДЕР – инструмент кој има значајна улога во зајакнувањето на руралните заедници и нивниот одржлив развој.
Средбите се одвиваа во конструктивна и партнерска атмосфера, при што двете страни разменија знаења и идеи кои ќе придонесат за унапредување на процесите и стратегиите на национално и регионално ниво. Домаќините ја изразија својата подготвеност за понатамошна соработка, а делегацијата на АФПЗРР се заблагодари за топлото гостопримство и за споделените искуства кои претставуваат важна основа за идни заеднички иницијативи.