Средба со здруженијата на одледувачи на овци

    Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ги слушнаа проблемите со кои се соочуваат сточарите.

    На денешната средба во министерството за земјоделство со здруженијата на одгледувачи на овци, беше договорена динамиката за исплата на мерките што го поддржуваат секторот. На средбата, беше истакнато дека и во иднина, сточарите директно ќе бидат вклучени при изготвувањето на програмите и политиките кои директно влијаат врз нивниот сектор.