Презентирани работните капацитети пред заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа

    Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денеска ја посети Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На состанокот, со директорот Илија Стоилев и заменикот Мевлан Морина, му беа презентирани работните капацитети на агенцијата при што, Стоилев го потенцираше квалитетот на тимот со кој успешно се завршуваат сите моментални задачи. Исто така, истакна дека во наредниот период тимот ќе мора да се зголеми бидејќи со новите мерки кои ќе се акредитираат, се очекува неколкукратно да се зголеми и обемот на работа.