TAIEX работилница за спроведување на мерки за рурална јавна инфраструктура

    Европските искуства се пренесуваат на домашните институции. Од денеска па до 09 октомври, се одржува работилница во организација на Европската комисија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Целта на работилницата како што истакна, раководителот на секторот за инфраструктура и инвестиции во шумарството при Платежната агенција за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Хрватска, Рашид Амин е да се обезбеди поддршка и упатство на вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, министерството за финансии и ИПАРД агенцијата за спроведување инвестициски мерки во јавната инфраструктурата во руралните подрачја.

    Директорот Стоилев, пак истакна, од оваа обука може да се заклучи дека Агенцијата е комплетно усогласена со европската регулатива. Имплементирани се процедурите и беспрекорно  може да се спроведуваат инвестициските мерки и во јавната инфраструктура во руралните региони.