Европските искуства се пренесуваат на домашните институции. Од денеска па до 09 октомври, се одржува работилница во организација на Европската комисија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Целта на работилницата како што истакна, раководителот на секторот за инфраструктура и инвестиции во шумарството при Платежната агенција за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Хрватска, Рашид Амин е да се обезбеди поддршка и упатство на вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, министерството за финансии и ИПАРД агенцијата за спроведување инвестициски мерки во јавната инфраструктурата во руралните подрачја.
Директорот Стоилев, пак истакна, од оваа обука може да се заклучи дека Агенцијата е комплетно усогласена со европската регулатива. Имплементирани се процедурите и беспрекорно може да се спроведуваат инвестициските мерки и во јавната инфраструктура во руралните региони.