Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, објави ЈАВЕН ПОВИК бр.09/2025,за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година
ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
МЕРКА 6
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:
Помош во сточарскиот сектор
- Надомест за трошоци наменети за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството
- Висината на помошта изнесува 80,00 денари, без данок на додадена вредност за впишано грло животно во матична книга или впишано грло во Регистарот на хибридни свињи. Минималниот износ на средства на помошта по призната организација на одгледувачи или призната организација на одгледувачи на хибридни свињи изнесува 200.000,00 денари, без ДДВ
- Висината на помошта за трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, изнесува 70% од утврдените цени согласно програмата и тоа:
- -за грло животно од видот говеда впишани во матична книга 3.500,00 денари, без ДДВ,
-за грло животно од видовите овци и кози впишани во матична книга 980,00 денари, без ДДВ,
- -за грло животно од видот свињи/хибридни свињи впишани во матична книга или Регистар за хибридни свињи 700,00 денари, без ДДВ.
Право на користење на средства по мерка имаат следните субјекти:
-Признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи впишани во Регистарот на признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за зоотехника(*) и
-Трети лица впишани во Регистарот на трети лица кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за зоотехника (*), кои имаат склучено договор со призната организација на одгледувачи или призната организација на одгледувачи на хибридни свињи за спроведување на активности за испитувања на продуктивноста или генетската вредност на животните или хибридните свињи предвидени во одобрените одгледувачки програми.