Директорката Даниела Иротова Лазарева, денеска оствари средба со одгледувачите на овци

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во Прилеп, оствари средба со одгледувачите на овци. Средбата беше иницирана со цел да се надминат проблемите на сточарите и да им се пренесе дека се реализира исплатата на заостанатите субвенциите за неколку години, а наскоро апликантите ќе ги добијат и средствата за 2025 година. Она што го потенцираше Директорката е структурата на Програмата за финансиска поддршка за 2026 година со која земјоделците ќе го зачуваат и зголемат добиточниот фонд.

Таа потенцираше дека само прашање на денови е реализацијата на исплатата на субвенциите за 2025 за мерката сточарство, додека за заостанатите субвенции за 2023 и 2024 та, средствата ќе се исплатат по административните проверки и одобрување од Трезорот за што има обезбедено пари.

За голем број сточари спорна е Мерката за 2024 година, при што им беше објаснето дека таа е таква каква што е и не навлегуваме дали навремено се реагирало, меѓутоа најголем дел од сточарите не биле ниту свесни како оваа мерка тогаш ќе влијае на исплатата. Факт е дека исплатата е задоцната, да се реагирало навреме во 2025 година. Од 2 200 пријавени, само 800 го исполнуваат условот за исполнување на минимумот за предадени јагниња во кланични капацитети. Не било земено во предвид исклучувањето на младите нерепродуктивни грла и машките грла од условот за исполнување на условот од 50% предадени јагниња во 2024. Тој критериум кој што бил баран е далеку од тоа да може да го исполни еден сточар. Меѓутоа за нешто што било случено во 2024 сега вели Директорката, не можам ниту да коментирам ниту да дадеме нешто во 2026 година.

Барањата за 2025 та година ни се во процес на обработка. На Агенцијата не и требаат повеќе од 5 до 7 денови да ја изработи таа мерка и да ја пуштиме во Министерство за финансии. Вкупниот износ е околу 1 милијарда денари за поголем број сточари. Има средства во Буџетот, нема проблем, но сточарите треба да бидат свесни дека имаме неисплатени средства за 2024, што е надвор од фискалните рамки на одобрениот Буџет за 2026 година. Ќе се потрудиме во рамки на предвидените средства да ги исплатиме сите заостанати обврски и луѓето кои имале проблеми во 2022 и 2023 година, да ги исплатиме обврските бидејќи одговараме според Законот за имплементација на Буџетот што го имаме. Ќе ги обработиме сите барања кои што се за 2025 со таа 1 милијарда денари кои што треба да исплатиме и ќе ги доставиме до Трезорот. Сите други ставки на исплата оди преку Министерство за финансии каде што се креира Буџетот. Овде потенцираше Иротова Лазарева, можам да ветам – ние како Агенција ќе дадеме целосна поддршка да ја обработиме мерката и да ја доставиме до Трезорот и истата по исплатите за 2023 и 2024 бидејќи имаме одговорност пред законот и не може нешто да се исплаќа со приоритет ако веќе не ти се исплатени старите обврски. Средства има, 2023 и 2024 се доставени до Трезорот и прашање на време е кога ќе почнат да се исплаќаат.

За да импомогнеме на сточарите денеска е објавен и огласот за плата за сточарите за 2025 година. За да ја фатиме динамиката, мерките кои не биле опфатени претходно да ни заостануваат. Тие веќе ги имаат платено овие средства, но колку побрзо платиме толку подобро за нив за да можат да бидат ликвидни и да опстанат, рече Даниела Лазарова Иротова.

На средбата со сточарите беа и вработените од Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралниот развој, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. Заедно со сточари, директно во системот им беа проверувани сите податоци во врска со нивните предмети. На сите им се даваа информации за спорните моменти поради кои или биле одбиени или сеуште се во процедура за одобрување на исплата. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои сточарите поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени и беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел да бидат државната помош да им биде исплатена.