Со 20 милиони денари ќе се санираат и модернизираат силосите за складирање на државните резерви

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазаревска на денешната средба со директорот на ЈП Агроберза, Мевљудин Авдија потпишаа Договор за финансиска поддршка за санација  и модернизација на силосите каде се складирани државните резерви на жито.

Средствата наменети за оваа инвестиција во износ од 20 милиони денари се предвидени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.