Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 354 корисници им исплати 17 058 566 денари

Средствата во висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка.се исплатени по Подмерка 1.8, а корисници на оваа се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Оствареното производство на праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година, вклучително и произведените количини за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.