Генералното собрание на Националната федерација на фармери

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска присуствуваше на Генералното собрание на Националната федерација на фармери.

Пред присутните, таа истакна дека сите земјоделци и вклучените во агробизнисот, може да сметаат дека Агенцијата им  е партнер. Само со отворена и транспарентна соработка ќе се постигне успех и развој во аграрот.

Таа потенцираше дека сите катацитети на Агенцијата се ставени на располагање на апликантите, со цел да се надминат сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците при реализација на некоја од програмите со кои Владата го поддржува македоското земјоделство.