Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во здемјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева денеска со директорот на Агенцијата за вработување Аднан Ејуп, потпишаа меморандум за соработка.
Со овој документ, Агенциите ја изразуваат подготвеноста за соработка при спроведувањето на законски утврдените надлежности и во делот на размена на податоци со кои располагаат договорните страни во рамките на програмите кои ги имплементираат, а со цел спречување на двојно финансирање, односно користење на јавни средства за иста цел, согласно условите и критериумите утврдени со закон и годишните оперативни планови за активните програми и мерки и услуги на пазарот на трудот, и се согласни соработката да ја темелат на начелата и постапките предвидени со овој меморандум, појасни директорката Иротова Лазарева.
Со него се утврдува начинот и постапката на размена на податоците од евиденциите кои ги води Агенцијата согласно закон, односно евиденцијата на регистрирани пријави/одјави во/од задолжително социјално осигурување со цел остварување на надлежностите на АФПЗРР утврдена со закон, како и размената на податоци за корисници на финансиска поддршка доделна/обезбедена преку АФПЗРР односно учесници во активните програми и мерки за вработување имплементирани преку годинишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за потребите на остварување на надлежностите на договорните страни.
Директорот на Агенцијата за вработување, Аднан Ејуп, истакна дека овој чекор претставува значаен придонес кон унапредување на институционалната координација и поефикасно спроведување на мерките за вработување.
Тој нагласи дека преку засилената размена на податоци и заедничкото делување со партнерските институции ќе се овозможи поголема транспарентност, како и поефикасно користење на јавните средства, со што директно ќе се придонесе за подобрување на услугите кон граѓаните и поддршка на економскиот развој.


