Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците од Демир Хисар

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во просториите на општина Демир Хисар, оствари средби со земјоделците, кои во најголем дел се производители на тутун.

Пред присутните истакна дека, по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, само за Демир Хисар, испалтени се вкупно 94 371 748 денари, односно донесени се 4146 решенија за исплата.  

За 2025 година пак, до сега се испалтени вкупно 11 850 345 денари, односно доставени се за исплата 150 решенија.

Директорката Иротова Лазарева, на производителите на тутун од демирхисарско им потврди дека во наредниот период ќе следи исплатата на субвенциите во висина од над 62 000 000 денари.

 

На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, и ,,Гласот што го слушаме –македонско најдобро,, на која се промовираат владините мерки за субвенционирање се и директорите на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаревски, на Управа за водостопанство, Ромео Тренов, како и претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вработените од АФПЗРР пак, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен, на сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им ги проверуваат сите податоци, а проблемите ги решаваат на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.