Веднаш по отстранување на блокадата од страна на Брисел, потпишани се 5 нови договори преку ИПАРД програмите. Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска по 6 месечниот застој, ги потпиша петте договори во вкупна вредност од над 62 милиони денари.
Барателите кои имаа аплицирано на повикот 02/24 од 2024 година, а се однесува на Мерка 7, ќе треба во наредните 24 месеци комплетно да го реализираат проектот. Станува збор за инвестиции во туризмот, при што е предвидена изградба на сместувачки капацитети и опремување на ресторани во рурална средина.
За веќе реализираните проекти пак кои чекаа исплата веќе се доставени налозите за плаќање до трезор.
Наскоро, како што веќе соопшти директорката, Даниела Иротова Лазарева, се очекува Брисел да ги одобри и измените на ИПАРД 3 програмата, по што ќе бидат објавени и новите повици за доставување на барања преку кои ќе се користат Европските средства.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)