Соопштенија

АФПЗРР : Исплатени директни плаќања во висина од 442,2 милиони денари

15.12.2023

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплата на директни плаќања по повеќе основи. Денеска на сметките на 5357 млекопроизводители се исплатени 112.6 милиони денари за произведено и предадено млеко во месеците јули, август и септември 2022 година. Со финансиска поддршка од 158.9 милиони денари се стекнаа 132 земјоделски стопанства кои одгледале ...

АФПЗРР: Објавен јавниот повик за надомест на трошоци за оддржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство

04.12.2023

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави повикот за поддршка за исплатена нето – плата за чување и напасување на добиток. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при МЗШВ. Поддршката е во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2022 до ...

АФПЗРР : Објавен јавниот повик за набавка на добиток од увоз

16.10.2023

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик 10/2023 за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи. Јавниот повик се однесува за инвестиции во набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко и месо, набавка на машки и женски приплодни грла овци и машки и женски приплодни грла кози. Право на користење на финансиска п...

Бачовски: Исплатени близу 22 милиони денари од интервентниот фонд како финансиска поддршка за расадена и продадена зимска зелка

31.08.2023

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата по основ на финансиска поддршка за трошоци за расадена или продадена зимска зелка. Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои во август 2022 година имаат расадено зимска зелка на отворено или имаат расадено зимска зелка на отворено и продадено зимска зелка до 15 април 2023 го...

Бачовски од Валандово : Доделени првите картички со субвенционирано гориво за земјоделска механизација за 2023/2024 година

31.08.2023

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беа во посета на подрачната единица при МЗШВ во Валандово. Целта на посетата беше одбележувањето на почетокот на доделувањето на платежните картички за субвенционирано гориво за земјоделска механизациј...