Денес, во просториите на АФПЗРР се одржа состанок со директорот Илија Стоилев, раководители на сектори за Ипард и претставници на делегацијата од DG AGRI од EU Commission, Frank Bollen и Zigo Rutkovskis во рамките на петтиот ИПАРД 3 мониторинг комитетот.
Покрај тоа што Македонија е лидер во Западен Балкан по искористеност на ИПАРД средствата, меѓу другото на состанокот се дискутираше за спроведување на ИПАРД програмата, каде беше презентирана последната состојба со имплементација на истата.
Беа истакнати сите активности превземени од страна на Агенцијата од претходно одржаниот состанок во декември 2024 година, по однос на човечкиот капацитет, просторните услови на агенцијата, како и активности за надминување на состојбите во насока на акредитација на нови мерки. Исто така беше дискутирано во однос на софтверските решение кои ги користи Агенцијата за спроведување на ИПАРД Програмата, како и текот на спроведување на објавените јавни повици во 2025 година, но и планот за објавување на нови јавни повици.