СООПШТЕНИЕ

АФПЗРР : Реализирана исплатата за директните плаќања за малите земјоделски стопанства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања од претходните две години.

Исплатени се 26.8 милиони денари за над 1400 корисници.

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2019,2020 и 2021 година и тоа :

-          За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари

-          За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари

-          За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари

-          За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари

 
Дополнително АФПЗРР ја реализираше и исплатата од мерката за помош во премии и осигурување за што се одвоени 98 милиони денари.

Станува збор за финансиска поддршка како надоместок на дел од трошоците за осигурување на земјоделското производство во висина до 60% од трошокот на премијата за осигурување, но не повеќе од 150.000 денари по корисник.

Агенцијата реализираше уште една исплата за произведеното и предадено млеко за период од октомври – декември 2021 година. Корисници на оваа поддршка која изнесува 3,5 / кг за предадено кравјо, односно 4,5 денари за предадено овчо и козјо млеко се земјоделските стопанства кои произведеното млеко го предале во преработувачки капацитет во горенаведениот период.

Со оваа исплата премија за предаденото млеко добија 332 млекопроизводители со вкупна финансиска поддршка во вредност од 11.8 милиони денари.