Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и сточарско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

Корисници на оваа мерка се и земјоделските стопанства/откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

Дирекните плаќања за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 10% од вредноста на произведените и продадени производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор и 30.000 денари по сертифициран органски производ од растително и сточарско производство, за не повеќе од 5 сертифицирани органски преработени производи.

Дирекните плаќања за трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 5% од вредноста на производот со максимален износ до 150.000 денари по оператор.

Висината на директните плаќања за стручна контрола и сертификација изнесува 50% од трошоците за добиен сертификат издаден од овластеното акредитирано тело.

Директните плаќања за анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски , педолошки или анализи на остатоци од пестициди и тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2023 година ги покриваат трошоците за анализите во висина од 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000 денари по земјоделско стопанство.

Корисници на оваа мерка се и земјоделски стопанства кои имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство. Висината на директните плаќања за оваа мерка изнесува 3.500 денари по хектар.


За добивање на финансиската поддршка корисниците имаат обврска да достават договори со овластени акредитирани тела за вршење на стручна контрола во органското производство, фотокопии од сертификат за извршена стручна контрола од страна на овластеното акредитирано тело, финансиски документи за продадени производи на домашен пазар или царинска декларација за извоз, платени фактури за стручна контрола и сертификација како и извештаи од лабаратории за извршените анализи.