Исплата на директни плаќања на мерките за директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и директни плаќања за амортизирани несилки

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети.

 

Корисници на мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од октомври 2023 година до септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети.

Висината на директните плаќања изнесува 40 денари по пиле.
За оваа намена се исплатени 10.909.520,00 денари кон 2 корисници.
 

Корисници на мерката за амортизирани несилки заклани регистрирани кланични капацитети се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2023 година до 30 септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети.

Висината на директните плаќања изнесува 150 денари по несилка.
За оваа намена се исплатени 105.178.050,00 денари кон 32 корисници.