Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за произведен и продаден тутун од реколта 2024 година. Исплатени се 14.502 тутунопроизводители со вкупен износ 2.404.561.224,00 денари односно околу 40.000.000,00 евра.
Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2024 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Висината на директните плаќања е 100 денари за продаден килограм тутун од I-I класа, 70 денари за прoдаден килограм тутун од I-II класа, 60 денари за прoдаден килограм тутун од I-III класа и II-I класа од ориенталните дополнителни тутуни, од типовите Прилеп и Јака.