Претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, присуствуваат на 64-та Панта Реи конференција (Платформа на Европските Платежни Агенции подржана од Европска Комисија) која се оддржува во Загреб, Хрватска. На конференцијата се презентираат најнови технологии во имплементацијата на ЕУ земјоделски и рурални програми. Посебно значајни за Агенцијата, се новитетите и искуствата во делот на имплементација и воведување на дронови во мониторинг на земјоделските површини. Од големо значење е и надградбата на ISAP (LPIS) каде главната цел е да се истакне важноста на влезните податоци, што е од клучно значење за секој систем. Доколку влезните податоци се неточни или нецелосни, тогаш ниту конечниот резултат нема да биде точен.
Точноста на податоците на ISAP (LPIS) е исклучително важна за правилно документација на земјоделско земјиште, плаќања за поддршка, пристап до рурални развојни програми и просторна анализа. Ажурирањето на системот ISAP (LPIS) е од големо значење бидејќи ISAP (LPIS) ја формира основата, како што се мониторинг, маркери, стручни проценки, информации од теренот и други јавно или на барање достапни просторни податоци.



