СООПШТЕНИЕ

АФПЗРР :  Исплатени субвенциите за обележани грла овци, кози и женски приплодни грла – маторици

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ директни плаќања за обележани грла овци, обележани грла кози и женски приплодни грла – маторици.

Корисници на мерката за обележани грла овци  се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на овци. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 553.9 милиони денари за 2664 одгледувачи на овци.

Корисници на мерката за обележани грла кози се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 53.5 милиони денари за 1439 одгледувачи на кози.

Корисници на мерката за женски прилолдни грла – маторици се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 6 грла маторици. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 9.96 милиони денари за 375 одгледувачи на женски приплодни грла – маторици.

Со силна динамика ја продолжуваме исплатата за мерките за сточарско производство. По исплатите за живинарско производство, денеска ја реализираме и исплатата за одгледувачите на овци, кози и маторици. Дополнително, следи и исплатата за огледувачите на говеда и корисниците кои имаат пријавено пчелни семејства,, - посочи директорот Бачовски.